Во поширокото централно подрачје на Град Скопје денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, посебниот режим на сообраќајот е поради најавената официјална посета на делегација предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.