Одделението за превенција при СВР Скопје и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на ПС ОН Центар продолжија со реализацијата на активностите во рамки на превентивната кампања „Носи кацига, вози внимателно“, чијашто основна цел е внимателното и одговорно учество во сообраќајот со цел зголемување на безбедноста.
Како што информира МВР, при реализацијата на кампањата, што е дел од оперативниот план „Безбедно лето 2022“, реализирани се средби и едукативни разговори со возачите на мотори и на електрични тротинети, а беа делени и летоци со едукативни содржини.
Основните пораки до учесниците во сообраќајот се насочени кон нивно запознавање со законската регулатива од оваа област на сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи, а во насока на општо зголемување на сообраќајната култура и безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.