Повеќе од една седмица подземниот премин пред трговскиот центар и станбен комплекс „Скопјанка“ на булевар „Кузман Јосифовски Питу’ бр. 15 е преплавен со фекалии. Сопствениците на деловните простории и група станари од шесте влеза на комплекс „Скопјанка“ реагираат до АД за стопанисување со деловен простор (ДЕЛПРО), ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и комуналната и санитарна инспекција на општина Аеродром.

Сопствениците на деловните простории поплавени со фекалии закажуваат состанок пред влезот на подземниот премин во понеделник, 11 март во 9 часот со надлежните служби на АД ДЕЛПРО, ЈП „Водовод и канализација“ и комунална и санитарна инспекција на Општина Аеродром и станари на сите шест влеза од комплексот „Скопјанка“ заради изнаоѓање решение на отстранување на проблемот.

Според кажувањето на сопствениците на деловните простории известени се одговорните служби на АД ДЕЛПРО и ЈП Водовод и канализација Скопје, но до овој момент проблемот се уште не е решен.

Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ е одалечен 200 метри од Железничката станица и 100 метри од порта „Аеродром“, и таму седум дена истекуваат неконтролирано фекалии. Фекалиите го поплавија подземниот премин под булеварот, завршувајќи во деловните простории. На тој начин е блокирано движењето во подземниот премин. Се шири неподнослива смрдеа во околината, а граѓаните се принудени непрописно да го поминуваат булеварот, велат жителите на ТЦ „Скопјанка“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.