Токму на овој ден во далечната 1836 година започнала организирана служба на потивпожарна заштита на територијата на Македонија, оттогаш, до денес постојано се развива, бележи успеси во своето работење, секојдневно покажува подготвеност за справување со сите потешкотии кои нас пожарникарите не не обесхрабруваат, токму напротив не прават да бидеме похрабри и поодлучни, тоа го бара нашата професија која е специфична, одговорна, но пред се хумана, порача командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски на денешното одбележување на Денот на противпожарникарите.
Настанот се одржа во кругот на Територијалната противпожарната бригада на Градот Скопје, под мотото „Хероите на градот“, на кој присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Таа изрази благодарност до пожарникарите и им додоели симболична парична награда во знак на почит и благодарност.
-Тие не го носат името хероите на градот без причина секој ден се тука за секој од нас без разлика дали во моментот ни требаат или не да бидеме сигурни и да знаеме дека тогаш кога треба најмногу тие ќе бидат тука за нас, во оваа измината година видовме многу состојби, ситуации во кои тие успеаа да ги надминат и професионално квалитетно да ги заштитат нашите животи нашиот имот, имотот на градот, имотот на граѓаните на градот Скопје затоа преку се она што го направивме досега и она што ќе продолжиме да го правиме во овие следни години ќе ја искажуваме нашата почит и благодарност секој ден, порача Арсовска.
Командантот Томовски пак во изјава за медиумите ги посочи недостатоците и проблемите со кои се соочуваат пожарникарите во нашата држава, велејќи дека и покрај тоа што изминатиот период имале набавки на опрема и возила, сепак не е доволно.
-Опремата е неопходна за ваков вид на професија. Се она што го имаме сме спремни да го искористиме во најдобра можност….Започнавме процес на набавка и модернизација на нашиот возен парк и пред завршување сме на набавката на три нови противпожарни возила. Видовте и дел од опремата која ја набавивме во текот на оваа година за првпат добивме професионални противпожарни црева со голема видливост во тешко зачаден простор каде ориентацијата ја правиме по нив, така да се надевам дека во текот на годината ќе направиме многу повеќе за да бидиме и ние побезбедни а нормало и граѓните на град скопје, рече тој.
Истакна дека пожарникарството е атрактивна професија, но дека за истата не се одобруваат финасии за вработување.
-Овие последни неколку вежби што ги видовте денеска беа изведени од последната генерација која е примена пред нецели две години постојаната работа до нив доведе да покажат голема спремност и пожртвуванмост во своето работење, атрактивна е, но за жал поради неспроведена целосна децентралицазија, фискална, нашите плати се обезбедуваат од централниот буџет и секое ново вработување зависи од обезбедени средства во централниот буџет што не се случува доста често и секогаш сме во недостаток со вработени во сите противпожарни единици, не само во нашата, изјави Томевски.
Информира дека согласно податоците од најновиот попис, бројот на граѓани изискува потреба од околу 400 пожарникари, а во државава има само половина од потребниот број.
-Пополнетоста процентуално е 48 проценти од потребниот број согласно законските прописи. На секои 1 500 жители треба да имаме по еден пожарникар и според новите податоци од пописот треба да имаме некаде околу 400 пожарникари, ние сме половина од потребниот број, но и со таа бројка успеавме да се носиме со преидизвиците, но потребно е обновување како што спомнавме денеска колега реши да замине во пензија и имаме постојан одлив на кадри кои имаат големо искуство, а не можат да го пренесат на новите професии, што исто така е голема загуба за самата поофесија, посочи командантот.
Оцени дека на штета на професијата е што обучуван и висококвалитетен кадар заминува во пензија, а знаењето нема на кого да го пренесе.
Пожарникарот Благоја Пешески, кој 35 години активно се занимава со оваа професија од денеска заминува во пензија, тој рече дека кога би можел да избира повторно би ја избрал истата професија.
-Сум имал многу интервенции последната ми беше на мостот тука. Ние пожарникарите не знаеме со што ќе се соочиме, таму на лице место го правиме планот, но кога би можел би ја избрал повторно оваа професија без размислување. Знаете како, за да биде некој пожарникар треба да ја сака оваа професија пред се, наша е хуманоста, да стресно е, но мене ме исполнува чувството дека сум спасил нечиј живот, раскажа пожарникарот Пешески.
Од почетокот на оваа календарска година пожарникарите имале 390 интервенции на гасење на пожари, претежно во урбани средина и 50 технички интервенции на собраќајни незгоди и слично. Моменталната бројна состојба на бригадата е 190 вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.