Град Скопје заедно со Општина Бутел ќе ја реконструираат улицата „Бутелска” и тоа на потегот од вкрстувањето со улица „Александар Урдаревски” до автопат-обиколница. Со тоа се решава голем децениски проблем со кој се соочуваат жителите во општина Бутел.
Увид во состојбата на оваа улица денеска направија градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
На овој потег целосно ќе се реконструираат коловозните ленти во должина од речиси еден километар, а комплетно ќе се направат и реконструираат оштетените пешачки патеки.
Целата оваа реконструкција предвидено е да биде во вредност од 26.810.580 денари, а рокот на изведба е предвиден да биде 60 дена.
Повеќе од 12 години улицата „Бутелска” била комплетно заборавена и затоа се наоѓа во ваква катастрофална состојба со многу дупки. Оваа улица е една од најпрометни улици во општина Бутел низ која дневно минуваат и транзитираат повеќе од 30.000 граѓани .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.