Во соопштението на претпријатието Градски паркинг- Скопје се вели дека од утре, 1 јуни, започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање.

Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до сабота наместо од 7 до 21 часот од утре ќе биде од 7 до 23 часот, додека во зоната Д останува како и досега во истиот временски интервал до 23 часот

„Апелираме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“, се вели во сооппштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.