Општина Кисела Вода вчера започна со реконструкцијата на улицата ,,Вера Јоциќ”.

По завршувањето на зафатот кој опфаќа 5.300m2 ќе се обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица, вклучувајќи ги и двата нејзини краци.

Го подобруваме и паркирањето во овој дел од населбата ,,Цветан Димов”. Покрај асфалтирањето, на десната страна од оваа улица ќе бидат отворени џебови за паркирање, додека левата страна ќе биде пешачка зона. Се работи за надминување на проблем на кој жителите долго време се жалеа, бидејќи коловозот беше премногу оштетен, а тротоарите беа целосно окупирани со паркирани возила.

Со силно темпо и во наредниот период продолжуваме да интервенираме на сите оштетени улици во општината кои децении наназад биле заборавени.Продолжуваме да ја градиме Кисела Вода – модерна и инфраструктурно развиена, токму како што заслужуваат моите сограѓани, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.