По цели седум години без ниту едно државно обележје, денеска пред СЦ „Борис Трајковски” повторно гордо се виори македонското знаме, објави новиот директор на скопскиот спортски центар Данијел Апостолоски.
Истакнувањето на македонското знаме и македонските симболи, претставува почит кон институцијата, но пред сѐ почит кон Република Македонија, порача тој.
Апостолоски е дипломиран професор по физичка култура и магистрант на Факултет за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје. Владата го назначи за директор на 5 јули годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.