Град Скопје го возобновува Пиволенд. Од 31 август до 4 септември на плоштадот Македонија на две сцени ќе настапат повеќе од 50 уметници. Архангел, Ареа, Темпера, ДНК, Бени и Нон Стоп, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Принц, Фолтин и многу други веќе се потврдени на официјалната страница на настанот.
За најмладите пак, ќе има забава со Поточиња.
Пиволенд под тоа име за последен пат се одржа во 2017 година на Калето. Тоа беше десетто издание на настанот.
Наредната година фестивалот Skopje Beer Fest се одржа на Стадионот на АРМ. Од Град Скопје тогаш изјавија дека го ребрендираат фестивалот и очекуваат да добие интернационални размери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.