Поради големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини го преместија датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата – Пиволенд 2022. Па така Пиволенд ќе почне трети септември (сабота), а ќе трае до седми септември (среда).
Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. Во продолжение можете да ја погледнете новата програма со време и датуми за настап на музичките артисти на двете сцени „Main Stage“ и „Craft Stage“.
Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.