Петар Бошковски беше среќлија и го фати крстот во Лепенец, а Игор Георгиевски – Ачка ќе го следи среќата во новата годоина откако го фати крстот во осветените води на реката Вардар кај мостот во Хром.
На двата настани им претходеа литургии и литии предводени од свештените лица од црквите од Ѓорче Петров.
Општина Ѓорче Петров по долга пауза учествува и е покровител на големите собири по повод осветување на водите на реките Лепенец и Вардар. Голема благодарност до ZEGIN за нивното учество во организација на настаните.
Да продолжиме да ги негуваме вековните христијански традиции. Денешниот ден кога Господ Исус Христос е крстен во реката Јордан нека донесе здравје, благосостојба и радости во секое семејство, им посака градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски на жителите од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.