Денес започнав со средби со градоначалниците, како дел од мојата работна агенда.
Денес се сретнав со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски при што се разговаравме за досегашната соработка на општината со централната власт и за динамиката и начинот на соработка во иднина.
Се разговараше за развојните потенцијали на општините и подобрување на условите за живеење на граѓаните, за што се сложивме дека е можно да се оствари само преку заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт.
Во таа смисла, посочив дека соработката со локалната самоуправа е високо на агендата на новата влада и се планира голем дел од капиталните проекти коишто ги адресираат потребите на граѓаните да бидат реализирани преку општините во следниот период – објави министерот за локална самоуправа, Златко Перински



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.