Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, вели дека најбрзо решение за проблемите во Скопје е градоначалничката Данела Арсовска да почне да ја работи работата, да предложи соодветен план усогласен со советниците во Градот и тој да биде усвоен. Перински додава дека Владата може да помогне, но, прво Арсовска треба да ја заврши својата работата.
Тој не исклучлува можност за одземање на ингеренциите, но, нагласува дека тоа е подолг процес и додека тој трае граѓаните и натаму ќе се соочуваат со проблеми.
Ние како Влада цениме дека проблемите на граѓаните на градот Скопје можат да се решат утре, само доколку се постапува институционално согласно законски утврдените надлежности кои ги има Градот Скопје и јавните комунални претпријатија. Затоа замоливме овој план да се предочи во рамки на Градот Скопје, во Советот, за да се усвои. Секоја останата постапка сама по себе одзема и повеќе време и има правни пречки за да се спроведе во целост ако мислите на барањео на ЗЕЛС. Значи по два основа го анализираме – правниот модалтет дали согласно постоечките закони може да се спроведе и што значи тоа во пракса и колку време ќе треба за подобро утре и почисто Скопје, рече Перински при гостивањето во дневникот на Сител телевизија.
Тој вели дека се што е потребно е Арсовска да биде кооперативна, да се види со сите советници и да даде позитивен импулс да се смени нешто во Градот Скопје, кој, како што рече, е кородиран.
Доколку треба некаква помош на било кој основ од страна на Владата прецизно и точно и беше кажано дека стоиме на располагање. Но, таа не може да зема плата, а друг да и ја работи работата, рече министерот за локална самоуправа.
Перински додаде и оти се повеќе размислува и за поднесување кривична пријава против Арсовска, бидејќи, како што рече, во Кривичниот законик покрај тоа што казниво дело е секое постапување надвор од ингренциите, казниво е и не постапување согласно ингренциите.
Во врска со информациите дека Градот Скопје должи околу половина милион евра, градоначалничката Арсовска вчера на средбата рекла дека Градот е во консолидирана финансиска состојба, а како што рече Перински, од девет комунални претпријатија секое второ секој втор месец има проблем со исплата на плати.
Прашан дали се точни информациите кои ги изнела Арсовска дека Владата му должи на Град Скопје 8 милиони евра за бесплатниот јавен превоз на средношколци и ученици Перински потврди, но нагласи оти тоа е долг наследен од минатата влада.
Во изминатите години обврските од 120 милиони денари на годишна основа од страна на претходната влада не биле испаќани кон Градот Скопје. Затоа вчера и реков дека во моментот на наменска сметка има 650 милиони денари ние од центраниот Буџет плаќаме камата за проект булеварско решение кое во блиска иднина нема да се реализира. Да се најде правен механизм тие пари да не лежат на наменска сметка туку да се искористат за сервисирање на долгот од претходната Влада. Ние не велиме не ви даваме пари, ако има наследена обврска таа ќе се сервисира, вели тој.
Според Перински, опција е и измена на Законот за Локална самоуправа, но, нагласува за него е потребна поширока дебата со вклученост на сите страни и носење модерно решение. Не можеме, вели министерот Перински, да менуваме закон само за Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.