Се до петокот, јас немам комуникација никаква со Град Скопје. Иако притоа правното мислење за потпишување за согласно договорот за кредитот кој што треба да го пратат до ЕБОР не го даваат, не сакаа да го потпишат, го кочат и тоа“, појасни Златко Перински во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.
Перински додаде дека тој комуникација со градоначалничката на Град Скопје воопшто нема.
„Ние имавме делумна нормална комуникација во првите неколку месеци и толку“, рече тој.
„Сакам да упатам и пораки до институциите, до органите кои што треба ова да го проверат, дали не е симптоматично после 33 дена молк, на последниот работен ден пред отворање на финансовата понуда да влегуваме јас и градоначалничката во комуникација после немање комуникација од три месеци за членовите на евалуционата комисија зашто не се сменети. Еве по некоја логика на нештата ако јас сум терал самоволие, а тоа ќе го докажам дека не е така ги имам и дописите. Нели е самоволие, или нели е мотивирана градоначалничката од нешто, не знам од што тоа институциите треба да си го проверат мене да ме клевети дека не сум постапил по нејзиното барање. И нели е симптоматично на денот на отворање на финансовата понуда градоначалничката да седи во мојата канцеларија и да ме разрешува“, запраша Перински.
Тој посочи дека кога се има европски проекти со европски пари, процедурите се работат согласно Банката лидер на проектот во случајот ЕИБ. Законот за јавни набавки во оваа постапка не важи. А, тоа го пишува во сите договори за заем. Градоначалничката треба тоа да го знае или пак од нејзината правна служба да и посочат.
„Градоначалничката може мене да ми нареди што сака, ама јас никогаш нема да донесам одлука која што е спротивна на правила, процедури и обврски преземени од страна на Градот Скопје, Водовод и канализација и Република Македонија. А, таа може што сака да ми наредува, се додека јас ценам согласно препораките на Банката лидер дека не е согласно закон и процедура, никогаш нема да го потпишам. Нема никогаш да и подлегнам на ниту еден притисок“, потенцира Перински
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.