Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје ќе се одржи овогодишното издание на Скопје Прајд.

Почетната точка на Парадата на гордоста ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците. Во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.

Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.