Заради безбедност на посетителите, возилата во подземната гаража на „Ист гејт мол“ ќе останат паркирани се’ до исцрпување на водата, соошти раководството на трговскиот центар.

Оттука информираа дека техничките служби во моментот работат на исцрпување на водата од подземната гаража, а овие активности ќе траат во текот на целата ноќ.

Во соопштението на „Ист гејт мол“ се наведува дека поради невремето дошло до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар.

„Согласно усвоените сценарија за безбедност и заштита во услови на елементарна непогода, трговскиот центар беше евакуиран за кратко време“, велат од „Ист гејт мол“.

Во зависност од прогресот на активностите поврзани со санација на поплавата, трговскиот центар утре, во текот на раните утрински часови, ќе ја информира јавноста и закупците дали трговскиот центар ќе биде отворен за потрошувачите.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како се руши дел од плафонот во гаражата на Ист Гејт



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.