За време на новогодишните празници, ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, потврдија за МИА од оваа установа.
На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. За претстојните божиќни празници – 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, велат во пишана изјава за МИА од ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“.
Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување.
Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не се користат алкохолни пијалаци, заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Исто така воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.
ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ изразуваат надеж за беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, со цел новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.