Градоначалничката на Град Скопје, заедно со претставници од Францускиот културен центар, ја промовираа новата паралелка што го изучува францускиот јазик во средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“.
Промоцијата е на Светскиот ден на храната, па во оваа пригода се промовираа штандови со здрава храна подготвена од учениците, кои покрај здравата храна подготвија и пригодна културно уметничка програма со настап на бендови пред гостите на промоцијата на паралелката на француски јазик, известуваат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека младите се во фокусот на програмата „За модерно Скопје“, како и во активностите за вклучување на средношколците во богатата културна програма на Скопје Европска престолнина на културата 2028.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.