Oпштина Сарај не доби финансиска подршка од повикот на владата, иако аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции, реагираат од општината.
Односно, главен одговорен за тоа е Министерството за екологија и животна средина предводена од Изет Меџити, која и после 4 месеци и пуштени две ургенции од страна на општината, го блокираше и не даде согласност на проектот за патот во село Ласкарци. Поточно, ресорното министерството според предвидените рокови со закон, требаше да даде согласност најкасно до 19 Јули 2024 година, кое сеуште не го сторилa. Истотака, општината за овие обструкции го извести писмено и Министерството за локална самоуправа.
Истотака, владата не го подржи и вториот проект, односно, проектот за патот Долно Свиларе – Горно Свиларе, кое ги има сите потребни технички документи.
Затоа, не можете да ги измамите жителите на Сарај дека се грижите и сте подготвени како централна власт да помогнете и да издвоите средства за проекти кои доаѓаат од оваа општина.
Немојте повеќе со измислици и празни изјави, само дајте согласност за предметниот проект и не го чувајте во „фиока“ како што тоа го правите од јули оваа година.
Каде е закочена работата и кој го попречува предметниот проект, секој може лесно да увиди и докаже од следните документи, се наведува во реакцијата од општина Сарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.