Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово во Клубот на Пратеници учествуваше на настанот на кој се презентираа постигнатите резултати од реализацијата на проектот „Инклузија на деца Роми во Јавните општински установи и Детските градинки“.

Општина Гази Баба заедно со ЈУДГ 25 Мај беше дел од проектот во рамки на кои се инклузираа 20 дечиња Роми во рамки на детската градинка.

Секое дете е важно и токму затоа општина Гази Баба се приклучи на овој проект со цел инклузија на децата Роми во воспитувачкиот процес уште од најмали нозе, а потоа истото да продолжи и низ образовниот процес, посочи Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.