Општина Аеродром излезе со апел до граѓаните кои живеат на територија на оваа скопска општина, да ги почитуваат сообраќајните закони и правила и да не паркираат на места што не се наменети за тоа, како што се плочници, тревници и други јавни површини.
Со ваквото несовесно однесување првенствено се загрозува движењето на пешаците, велосипедистите и другите учесници во сообраќајот. Исто така, се нанесува материјална штета на јавните површини, а се уништува и зеленилото и се прави штета врз животната средина – велат од Општина Аеродром.
Според нив, иако тие како Општината ги зголемиле инспекциските контроли на терен, сепак, како што велат оттаму, нивните служби немаат ингеренции да казнуваат, туку само да изрекуваат опомени.
Во таа насока би сакале да ве информираме дека Општина Аеродром поднесе барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди зачестени контроли од страна на полицијата со цел да се превенира ваквото однесување, а во крајна линија и да се казнуваат несовесните возачи кои своите автомобили ги паркираат на несоодветни места. Безбедноста на граѓаните, чистотата на јавните простори и грижата за зелените површини остануваат наш врвен приоритет – информираат од оваа скопска општина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.