Општина Аеродром во текот на оваа недела ќе објави Јавен повик за формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание за млади, што всушност претставува имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во општината.
Ги повикуваме сите млади лица кои се опфатени со Законот и имаат можност и желба, да се пријават на овој повик и да дадат свој придонес во унапредувањето на младинскиот живот и учеството на младите во креирањето и донесувањето на политиките во локалната самоуправа, велат од Општината.
На овој повик можат да се пријават:
– Младински здруженија
– Организаици за млади
– Подмладоци на политички партии
– Средношколски или студентски заедници
– Спортски друштва
– Културно-уметнички друштва
– Други форми на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади
– Да се регистрирани и/или делуваат на подрачјето на Општина Аеродром
– Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.