Советот на Општина Аеродром на вчерашната 15. седница го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година, а со овој чекор се отвори патот за реализација на голем број мерки и проекти што се од големо значење за аеродромци.
Ребалансот на буџетот е креиран во насока на кратење на непродуктивните трошоци и нивна пренамена за инвестиции во развојни и капитални проекти.
Меѓу работите кои граѓаните можат да ги очекуваат во наредниот период се:
Доградба на основните училишта „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“
Нов парк од 6000 квадратни метри
Нов плоштад и уредување на целиот простор зад „Капитол мол“
Изработка на проекти и отпочнување на процесот за изградба на ДВЕ нови градинки
Нови детски и спортски игралишта
Економски пакет мерки за граѓаните на кои им е најпотребно, обезбедени преку скратените средства за репрезентација, патувања и други непродуктивни трошоци.
Промените се случуваат. Аеродромци секојдневно сведочат на еден нов, економичен и рационален начин на управување со Општина Аеродром и финансиите на општината. Приоритет на администрацијата е да се изнајде начин, дури и во време на економска и енергетска криза, да се реализираат сите проекти предвидени во програмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.