Ова е значаен настан бидејќи е дел од традицијата на училиштето. Традициите се важен дел од нашата култура и историја кои помагаат да се дефинира нашиот идентитет и да се создаде врска со минатото, но во исто време ни помага да се движиме кон иднината. Тие нè инспирираат да постигнеме повисоки цели и да продолжиме да ги развиваме нашите вештини и знаења. Некои од нaшите традиции се веќе вкоренети во нашата историја и се дел од нашето наследство. Традициите на нашето училиште се нешто што не треба да го заборавиме и занемариме. Затоа, на овој патронен празник да се восхитуваме на нашите традиции и да ги почитуваме. Да продолжиме да црпиме инспирација од минатото, да ги одржуваме нашите традиции за да можеме да создадеме посилна и подобра иднина за напшите ученици“, рече во своето обраќање пред присутните гости, директорката Петковска Анастасов.
Градоначалникот Стефковски, пак, истакна дека образованието треба да се стреми кон тоа да ја доведе моралната, интелектуалната и физичката природа на учениците до совршенство, за тие да можат да дадат најголем можен придонес за себе и општеството.
Нашата иднина, но и иднината на нашата општина е во здрави, силни и образовани генерации, бидејќи образованието ја негува самодовербата. Самодовербата ја негува надежта, а надежта ги негува мирот и просперитетот“, рече Стефковски.
Во ова училиште вработени се 40 наставници, а учат 314 ученици од прво до деветто одделение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.