Спортскиот центар „Борис Трајковски“ информира дека од утре продолжува со работа базенот.

Во изминатите денови наш приоритет беше надминување на проблемот со дефектот. Благодарение на сите чинители кои придонесоа во решавањето на проблемот, истиот е брзо отклонет со што репрезентативците ќе може непречено да ги одржуваат своите тренинзи преку програмите пропишани од нивните тренери кои макотрпно работеа изминатите години со своите пливачи. Спортскиот Центар Борис Трајковски уште еднаш покажа и докажа дека е единствен спортски храм кој работи за доброто на спортот и спортските работници, велат од СЦ „Борис Трајковски“.

Базенот ќе започне со работа со температура на вода од 25.5 степени, која се очекува дека ќе биде во пораст во наредните денови .

Од Центарот препорачуваат за клубовите кои работат пливачка школа да почнат со тренинзи од 31.01.2022 година (понеделник) кога се очекува температурата на водата да биде повисока



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.