Од јавното претпријатие „Лајка“ известуваат дека од денеска нивниот заловувачкиот тим започнува со стратешко заловување на бездомни кучиња на територијата на општина Аеродром.
-Нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува во реоните: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово – соопштија од претпријатието.
Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман.
Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, можат да се јават на телефонските броеви: 02 256 5859 / 071 219 925 или можат да пријават на [email protected]
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.