По повод Денот на ослободувањето на Скопје, градската Дирекцијата за култура и уметност во рамки на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ распиша Конкурс за новинарски текст на тема „Есеј за старо Скопје“. Краен рок за испраќање на есеите е 15 ноември 2022 година.

Како што информираат од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, пристигнатите творби ќе конкурираат за три, непарични награди: првата –лап топ, втората – таблет и третата – андроид телефонски апарат.

Апликантите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

– На конкурсот своите есеи можат да ги пријават новинари на медиумите (пред се) од Скопје, (но и новинари од медиумите во другите места на Република Македонија-) кои се ангажирани во новинарството, било во работен однос, по договор на дело или новинари кои имаат хонорарен ангажман во електронските, во печатените, во радио-дифузните (ТВ-канали, радио-станици) и во интернет-медиумите (портали и блогови).

– Текстовите се испраќаат под полно име и презиме (без шифра или псевдоним) и со контактите на кандидатот (назив на медиумот за кој есеистот работи на новинарски задачи, телефон, имејл, придружени кон неговиот потпис. Сите овие податоци се испишуваат еден под друг, на крајната лева страна од самиот почеток на текстот.

– Секој автор може да учествува само со по еден текст.

– Во рамки на темата „Есеј за старо Скопје“, испратениот текст треба да содржи и сопствен, специфичен наслов.

– Текстот треба да содржи од 400 до 500 зборови (не) сметајќи ги растојанијата, во фонт Аriel -12 со македонска поддршка.

– Текстовите на други теми, со дневно-политички потходи и оние кои го надминуваат спомнатиот обем нема да бидат земени предвид.

– Новинарите од различни етнички припадности, есеите можат да ги испратат во верзија напишана на својот мајчин јазик (во фонт Аriel -12, со поддршка на соодветнот јазик) и – во продолжение на истиот фајл – со превод на македонски. – Текстовите се ипраќаат на e-mail адресата: [email protected]; и [email protected]

– За резултатите од конкурсот учесниците ќе бидат известени веднаш по донесувањето на одлуката на Комисијата на овој конкурс, пред свеченото врачување на трите наградени трудови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.