Новиот велосипедски полигон во ООУ ,,Ѓорѓија Пулевски” во скопски Аеродром секојдневно се користи за едукација на стотици ученици, при што тие имаат шанса да се запознаат со правилата и сигнализацијата при возењето велосипед, како и важноста од одржување на здрав и активен начин на живот.

На едно вакво предавање се придружија и градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот Дејан Митески, кои заедно со наставниците и учениците направија обиколка на полигонот и велосипедските патеки низ Општина Аеродром.

– Инвестициите во велосипедската инфраструктура се од огромно значење за животот во Аеродром и токму тоа е еден од нашите приоритети, порача Муцунски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.