Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2023 година.

Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и на кровни покривачи e насочена кон замена на постојните со еколошки и нивна реконструкција, во согласност со условите и критериумите за учество – информираат од Општината.

За реконструкција на постојните покриви Општината ќе субвенционира 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари, додека за поправка на лифтовите ќе покрива 30% од вредноста, но не повеќе од 300.000 денари. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста.

Пријавите со целосна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, најдоцна до 8 јуни 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.