Општина Кисела Вода ги поканува сите свои жители заедно со своите дечиња и внучиња да бидат дел од Новогодишниот хуманитарен базар „Новогодишна приказна на децата од Кисела Вода”!

Настанот е закажан за денеска во Домот на култура „Билјана Беличанец” од 11 до 15 часот!

Предвидена е продажба на новогодишни украси и аранжмани изготвени од децата од јавните детски градинки, од основните училишта и од децата со попреченост, а собраните средства ќе бидат наменети во хумaнитарни цели.

Настанот ќе биде збогатен со музичко-забавна програма и Новогодишна претстава во изведба на вработените од ЈДГ„8 Март”

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.