Ново видео од невремето во Скопје кое предизвика поплава во новиот трговски центар „Ист гејт“.

Од трговскиот центар реагираа на шегите кои се споделуваа по социјалните мрежи, и тврдењата дека целиот објект не е добро проектиран, не се обезбедени безбедносни мерки и слично.

Една и недвосмислена вистина е дека поплава во „Ист гејт мол“ настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот „Александар Македонски“, велат од трговскиот центар

Оттаму додаваат дека нивните безбедносните камери јасно покажуваат како река од вода како доаѓа од булеварот, кој „ниту има капацитет, ниту услови таа вода да ја апсорбира, и истата се прелева во енормно големи количини во подземните нивоа на центарот”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.