Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека се завршени пристапни патеки во населено место Скопје Север и нови паркинг места на улица „Алпи“ во Бутел 2.

Завршени се вкупно 17 пристапни патеки до станбените згради и кулите со павер елементи во Скопје Север. На барање на жителите од улица Алпи решивме голем проблем и обезбедивме нови паркинг места со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на жителите од оваа улица, информира Костовски.

Општина Бутел и понатаму работи на подобрување на функционалноста и организирање на паркинг просторот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.