Детската улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче деновиве добива целосно нови клупи и канти за отпадоци, а ќе бидат обновени и постојните жардиниери кои се протегаат и од двете страни на фонтаната и улицата. Истовремено, се извршува и обнова на клупите и кантите за отпадоци пред ТЦ „Бисер“.

Градоначалникот Тимчо Муцунски изврши увид на детската улица, каде екипите на Општина Аеродром интензивно работат на обнова на урбаната опрема. Станува збор за многу посетено место од сите генерации за прошетки, одмор и рекреација.

Во наредниот период нова урбана опрема ќе се поставува и на други локации на целата територија на општината, а ќе се работи и на реконструкција на сите места каде што е забележана штета – информираат од општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.