Објектот „Лале“ кој е дел од детската градинка „Срничка“ доби целосно нова енергетски ефикасна фасада, информираше градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Фасадата е изведена по највисоки стандарди, му дава нов и модерен изглед на објектот, придонесува за заштеда на електрична енергија и обезбедува подобри услови за престој на дечињата во оваа градинка. Како Општина Аеродром, континуирано преземаме мерки за заштеда на средства за електрична енергија, но и за обезбедување квалитетни услови за правилен раст и развој на најмладите – напиша Муцунски на официјалната Фејсбук страница.
Тој најави и дека наскоро ќе биде пуштена во употреба и новата градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром, а и дека со ребалансот на буџетот се обезбедени средства за проектирање на уште две нови градинки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.