Денеска е 28 јуни, важен ден за македонската и историјата на Општина Ѓорче Петров. Датумите на кои му оддаваме почит на поборникот за македонската кауза, нашиот патрон Ѓорче Петров за нас се секогаш значајни и со особена почит се сеќаваме на еден од столбовите на македонската историја.
Во реонскиот парк одбележавме 101 година од упокојувањето на идеологот, професор и публицист, револуционер и борец за независна и самостојна Република Македонија, великанот Ѓорче Петров.
Македонската историја на почетокот на овој век имаше во Ѓорче Петров решителен идеолог. За идеалите тој го положи и животот во Софија во 1921 година. Нашата слободна сегашност и суверената македонска држава тоа го потврдува.
Нека е вечен споменот за големиот Македонец.
Слава му, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.