Ни 24 часа не издржаа новите столпчиња поставни на паркингот во Лептокарија. Утрово едно од нив е уништено.
Вчера службите на општина Карпош поставија столпчиња на паркингот во Лептокарија за да се овозможи простор за минување на пешаци. Денеска едно од столпчињата е урнато од несовесен возач. Сопственикот на возилото е пријавен во Пајак службата на Град Скопје, соопштија од Општина Карпош, од каде апелираат до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно и да не ја уништуваат урбаната опрема.
Во коментарите корисниците им порачаа дека не се потребни апели, туку казни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.