Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на градежните работи на улицата 40, крак на Македонско Косовска Бригада, што се реализира со меѓуопштинска соработка со општината Шуто Оризари, соопштуваат од Град Скопје.

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје ги почнаа градежните активности, а со реализација на овој проект и веќе завршената улица 38 се подобрува инфраструктурата во општината и се решаваат долгодишните проблеми во овој дел од градот. Градот Скопје во подготовка е да отпочне со градежни работи и на улицата 50, со што се овозможува подобрување на дел од сообраќајниците што се од витално значење за граѓаните на оваа општина. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, за нашите сограѓани, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, велат од Град Скопје.

Во меѓувреме во тек е седница на Советот на Град Скопје, на која се дебатира за ребалансот на буџетот, но Арсовска не се појави да го образложи нејзиниот предлог за ребалансот.

Според советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, срамота е што градоначалничката ја нема.

На почетокот на овој мандат се воведе една позитивна практика што ја немало во последните четири години а тоа е Градоначалникот, сите директори да бидат присутни и да дебатираме заеднички за точките бидејќи се од интерес на граѓаните на Скопје, и тоа беше така се до некој момент, за жал ние последните месеци ние гледаме отсуства неоправдани на директорите и секако отсуство на градоначалничката. На денешната седница како прва точка имаме ребаланс на буџетот, повторувам ребаланс на буџет нешто што е од исклучителна значење на Скопјани и истиот е на предлог на градоначалникот на град Скопје. Градоначалникот на Град Скопје во моментот не е во салата, а ние треба да расправаме за овој предлог. Што е поважно од присуството во оваа сала, да дебатираме како за овој ребаланс така и за останатите скоро 30 точки предложени на денешната седница. Што е поважно за градоначалничката што во моментот таа не се наоѓа во оваа сала. Како очекува да дадеме поддршка на нејзините предлози, кога самата не е тука да ги објасни. Затоа барам претседателе да обезбедите присуство на градоначалничката, ценам дека нема ништо поважно како на претходните седници така и на оваа таа треба да биде тука и да дебатира и да ги соочиме фактите и аргументите. Не знам како поинаку ние можеме да дебатираме на совет сами со себе на предлог кој што го дала градоначалничката а таа не е тука да си го објасни сопствениот предлог. Затоа барам пауза и барам да обезбедите присуство на градоначалникот да дојде бидејќи таа денеска треба да е тука да дебатира за она што го предложила, нагласи Андоновска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.