Премрзните на ниските утрински температури, скопјани наместо во автобус останаа на постројките. Од бесплатен јавен превоз во Скопје дојдовме на Скопје без јавен превоз. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус.
Неофицијано, ЈСП е без нафта. Наводно, претпријатието кое има проблем со автобуси и има долгови сѐ уште не набавило нафта. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот.
Немањето нафта е причина за колапсот во ЈСП. овеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази велат од Независниот синдикат на претпријатието.
Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но денеска поинаква ситуација на терен. Автобуси нема! Собраќајниот хаос во Скопје ќе биде минато, ветуваше Данела, а добивме уште поголем хаос!
Објективот на Република ќе го доловува „модерно“ Скопје. Но секако вашите фотографии се добродојдени.
Испратете ни го вашиот кадар од она што ви пречи во главниот град на [email protected], ние ќе го споделиме со целата јавност.
М.М/Б.Б.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.