Во рамките на програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието, а во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците, на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје, под покровителство на Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.
На оваа средба, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на 29 матуранти – првенци на генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на генерација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија, од 23 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парична награда.
Програмата ќе се одржи во четврток, на 8 јуни 2023 година, со почеток во 12:00 часот во Младинскиот културен центар – Кино „Фросина“.
Оваа година првенци на генерацијата се: Мила Јаневска (СУГС „Панче Арсовски“), Матеј Петревски (СУГС „Васил Антевски – Дрен“), Ана Јаневска (СУГС „Димитар Влахов“), Марија Мицевска (СУГС „Димитар Влахов“), Ангела Сибиновска (СУГС „Јосип Броз Тито“), Јована Трајановска (СУГС „Владо Тасевски“), Миа Шутева (СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“), Филип Бојаџиевски (СУГС „Орце Николов“), Ефра Емини (СУГС „Марија Кири – Склодовска“), Кристијан Зафировски (СУГС „Марија Кири – Склодовска“), Ана Даневска (СУГС „ Д-р Панче Караѓозов“), Даниела Павловска (СУГС „Браќа Миладиновци“), Лука Чарапиќ (СУГС „Георги Димитров“), Фросина Тодорова (СУГС „Георги Димитров“), Ендрит Шаќири (СУГС „Зеф Љуш Марку“), Никола Рисафов (СУГС „Боро Петрушевски“), Јане Јанкулоски (СУГС „Боро Петрушевски“), Леон Али (СУГС „Шаип Јусуф“), Фатиме Красниќ (СУГС „Шаип Јусуф“), Исра Реџепи (СУГС „Арсени Јовков“), Андреј Петковски (СУГС „Никола Карев“), Беким Хашани (СУГС „8-ми Септември“), Никола Мирковски (СУГС „Лазар Танев“), Дамјан Цветановски (СУГС „Лазар Танев“).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.