Во сторгиот центар на градот, на потегот познат како „Рекорд“ падна цел блок од фасадата на зградата.

Очевидци раскажуваат дека токму во тој момент две дечиња поминувале под зградата и благодарение на брзата реакција избегнале да им падне на глава.

За малку ќе убиеше две дечиња, со брзо трчање, исплашени истрчаа…не знаеја што се случува. Кога задува силен ветер падна цел блок од фасадата на зградата, додека паѓаше удри на еден клима уред и тоа ги алармираше децата да реагираат инаку ќе им паднеше на глава, раскажува очевидец.

Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје.

Останатиот друг дел фасада, најгоре од зградата, не се знае, но секако е потенцијална опасност за нинувачите. За среќа никој не е повреден. Инаку, Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна понатамошна постапка, согласно нибните оперативни процедури за вакви настани.

Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” во близина на Министерство за правда.

Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата која почнала да паѓа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.