МВР со Оливер Спасовски дале половина милион евра на мала фирма за камионски транспорт, на тендер за соларни панели за топла вода и инсталација истите на полициски објекти. Се работи за Дон Холдинг, мала фирма од скопски Хром, добро позната на СДСМ со набавките во Ѓорче Петров, каде се прославија со набавка, тендер на 2 машини за перење од 25.500 евра! И за тоа нема истрага од МВР, нема истрага од институциите, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференцијата на Стоилковски:
Уште повеќе, вчера МВР на Спасовски го потврди скандалот, со тоа што соопшти дека истата фирма и во септември лани го добива истиот тендер, ама бил поништен, па сега во јануари бил повторен.
Значи, во септември малата фирма за товарен транспорт добила тендер од 500.000 евра од МВР за соларни панели, тендерот е поништен, па повторен сега и повторно истата фирма добива половина милион евра!
Почитувани, следува уште еден факт за врската на СДСМ, Спасовски, МВР со Дон Холдинг на Слободан Настовски.
МВР на Спасовски на Дон Холдинг, фирмата за камионски транспорт, во октомври само еден месец по септември кога бил поништен тендерот, и два месеци пред повторениот во јануари на Дон Холдинг му доделува тендер од 480.000 евра. Овој пат фирмата за камионски транспорт, е ангажирана за водоинсталатерски и канализациски работи во МВР. Договорот е направен на 13 октомври. Фирма за камионски транспорт добива тендер пред фирма специјализирана за водоводни и канализациски работи со 15 годишно искуство.
Почитувани, главното прашање тука е како фирма за транспорт, товарен камионски транспорт, фирма на едно лице мала фирма за камионски транспорт, добива два тендери од по половина милион евра од МВР за соларни панели и за водоводни и канализациски изведувања?
Како е можно МВР да даде тендер за соларни панели, со инсталација, со се, на фирма за товарен транспорт, фирма на едно лице, мала фирма според документите од Централниот регистар и од УЈП?
Како е можно МВР да даде тендер за водовод и канализација, на фирма- за товарен транспорт, фирма на едно лице?
По кои критериуми се воделе во МВР на Оливер Спасовски, па за соларни панели за топла вода, како и за водоинсталатерски работи да изберат фирма за- товарен камионски транспорт, и да и доделат два тендери во рок од три месеци вредни вкупно еден милион евра?
Секако не помалку важно прашање е како токму МВР на тендери вредни милион евра неколкукратно да избира фирма којашто беше замешана во тежок коруптивен скандал повторно со повторно со тендери со набавки на 2 машини за перење со вкупна вредност од 25.500 евра, договор тендер од градинка во општина Ѓорче Петров?
Да сумираме. МВР на Спасовски на мала фирма за товарен транспорт, фирма поврзана со скандал со набавка на две машини за перење од 25.500 евра за Ѓорче Петров, и дава два тендери во вредност од 1.000.000 евра!
Половина милион евра тендер од МВР за соларни панели со фирмата за камионски транспорт. Отпаѓа специјализирана фирма со 20 годишно искуство.
Половина милион евра тендер од МВР, за водовод и канализација со истата фирма за камионски транспорт. Отпаѓа специјализирана фирма со 15 годишно искуство.
Истата фирма за камионски транспорт пред неполни половина година е вмешана во коруптивен криминоген скандал со општина водена од кадар на СДСМ! Тендер за две машини за перење тежок 25.500 евра. МВР на Спасовски наместо истрага доделува еден милион евра од буџетот.
Со два тендера, МВР дава 1.000.000 евра од буџет наместо истрага за скандалот со машините за перење! Оливер Спасовски СДСМ и ДУИ вака ја замислуваат борбата со корупцијата!
Јавно ги повикувам Јавните обвинители да излезат од сенката на политиката и да отворат предмет за овој случај, повика Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.