Полицијата затекнала лица кои не се вработени во скопска „Комунална хигиена“ а протестирале во кругот на претпријатието. Станува збор за лица, чии договори за работа се раскинати од страна на директорката Косана Мазнева. Според МВР, на протестот имало околу педесет лица.
„Во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените одржуваат протест, а меѓу нив се и лица кои не се вработени во претпријатието. Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на лице место, при што било констатирано дека околу 50 лица протестираат и ги попречуваат останатите вработени во извршувањето на работните обврски“, велат од МВР.
Посочуваат дека лицата кои не биле вработени, а ја блокирале работата на претпријатието се соочуваат со прекршочни казни. Според информациите од вработени во „Комунална хигиена“ станува збор за четворица, кои биле ангажирани со договор на дело, кој директорката Мазнева им го раскинала.
„Со полициска интервенција возилата ангажирани за собирање на сметот биле пропуштени да излезат од капијата, а лицата кои не се вработени, а биле затекнати во кругот на претпријатието ќе се соочат со законски предвидените поднесоци“, додава МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.