Во првите 12 месеци од нашето работење, се водевме од принципот дека како најспортска и најмлада општина, Аеродром ги заслужува најубавите детски катчиња во Скопје, како и најквалитетните спортски центри, сали, терени и места за рекреација ⚽️🏀, пишува на Фејсбук, градоначалникот на ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Меѓу првите преземени активности беше инвестиција во реконструкцијата на Спортскиот центар во Ново Лисиче што го носи името на Марко Божиновски. Фудбалското игралиште во непосредна близина кое беше именувано „Никола Христовски – Кољо“ доби целосно нова тартан-подлога и најсовремени услови за спортување. Истата подлога беше поставена на заборавениот терен во близина на трговскиот центар во Населба Лисиче, а нова подлога доби и запоставеното кошаркарско игралиште во близина на кулите зад ТЦ „Капитол“. Реконструирани игралишта за фудбал и кошарка со нов асфалт, нова подлога, обновени кошеви и голови во дворот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, кошаркарско игралиште во Долно Лисиче, како и детско игралиште за кошарка на „Февруарски поход“, се само почеток на инвестициите во младите и спортот.
Аеродром ги доби и најубавите детски катчиња и игралишта, при што најсовремени содржини и реквизити беа поставени во Реонски центар и во Долно Лисиче, а беа санирани и поправени постојните кои беа оштетени и заборавени низ годините. Најсреќен сум што на локациите во близина на стара „Стела“ како и покрај булеварот „Февруарски поход“, најмладите аеродромци ги добија современите и уникатни мултифункционални места за дружење, забава и спортување.
Со инвестирањето во спортски и забавни содржини за најмладите, придонесуваме кон нивниот правилен раст и развој и се грижиме својата иднина да ја гледаат токму во општината во која што се родиле и израснале, пишува Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.