Задоволство е да се биде денес во Битола, град со значајна историја за нашата држава, но и град којшто има динамична општинска администрација предводена од градоначалникот Коњановски кој го реализира тоа што го вети во текот на кампањата која заврши пред 6 месеци, изјави Тимчо Муцунски.
Градоначалникот тоа го спомна, сите градоначалници ширум државата имаат сериозни предизвици, поврзани со цената на електричната енергија и другите расходи кои се појавуваат како резултат на глобалната економска и финансиска криза. Истовремено не само што нема поддршка од владата, туку сме сведоци на постојано намалување на буџетските трансфери кои следуваат на општината, посебно поврзани со образованието и градинките, но сепак се реализира тоа што се ветува. Што значи разликата е дека чесно се управува со општините и се работи наменски да се реализираат капиталните инвестиции кои се ветени.
Муцунски вели дека е задоволство е да се види развојот на кој сведочиме во Битола. Тоа што го слушаме од граѓаните е дека конечно Битола има градоначалник кој постојано комуницира со граѓаните, има отворен слух за нивните проблеми и во таа насока верувам дека во следните 3 и пол години Битола ќе го добие заслуженото внимание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.