Денеска присуствував на започнување на доградба на ООУ „Блаже Конески“ во населено место Мичурин, Општина Аеродром.

Доградбата на училиштето ќе се спроведе во две фази. И тоа во наредните 18 месеци, во прва фаза, ќе добие дополнителни 10 училници и 8 кабинети по предметна настава. Исто така, голем хол со бина, главни скали и лифт, кујна со трпезарија, нови тоалети и тоалет за лица со посебни потреби, како и други сервисни простории, oбјави премиерот Мицкоски.

Целта на оваа Влада е да поддржува капитални инвестиции, да поддржува проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на македонските граѓани.
Јас како претседател на Владата можам да кажам дека многу работи недостасувале изминативе години да се направат во Македонија. Нашиот мотив и инспирација се граѓаните. Така беше овие нецели три месеци откако сме Влада, така ќе биде и во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.