Ве известуваме дека утре 25.11.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамките на постојната ЈДГ ,,8 Март” во Општина Кисела Вода, информираат од прес службата на Владата.
Вкупната површина на детската градинка која ќе има капаците за згрижување на 120 дечиња е 795 метри квадратни. Објектот опфаќа 6 занимални од кои 2 се јасли.
Проектот е во вредност од 29.582.242 без ДДВ, или 34.907.046 со вклучен ДДВ.
Со ова целосно се решава проблемот со листите за чекање во детските градинки во Општина Кисела Вода.
Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.