Благодарност до Александар Георгиевски и општина Илинден за поканата за еден ваков настан до мене и потпретседателот Мисајловски, благодарност до советниците, администрацијата во Илинден што даваат натчовечки напори и покрај сите опструкции кои ги имаат од централната власт да реализираат проект повеќе за да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во општина Илинден, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Можам да кажам дека овој објект кој градоначалникот го презентираше ќе претставува објект во кој ќе бидат згрижени нашите најмили, дечињата, каде ќе можат да другаруваат и да ги стекнат оние првични основни знаења кои понатаму ќе им бидат важни во нивниот живот и развој како возрасни луѓе. Навистина овде како општина која квалитетно се развива е потребно место повеќе во градинките, а со ова проширување на овој објект ќе се добие токму такво место каде што ќе можат повеќе десетици дечиња да бидат згрижени и на тој начин и родителите да бидат релаксирани, а тие како што кажав ќе го добијат оние првични знаења кои понатаму ќе им бидат потребни во животот. Бидејќи брзо ќе биде реализиран овој објект до Нова година, однапред кажувам дека не очекувам оваа министерка и министерство ќе обезбедат согласност за вработување на негувателки и воспитувачки, однапред кажувам каков ќе биде политичкиот реваншизам. Но уверувам дека општината од сопствени средства ќе ангажира ако тоа е потребно, но добрата вест е што набргу отсега ќе имаме нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, па ќе можеме да ја релаксираме општината, тие пари да се пренасочат за реализација на други проекти а негувателките и воспитувачките да бидат дел министерството за труд и социјална политика кое ќе биде дел од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и да биде министерство онакво какво што е потребно за сите општини и граѓани, а не само за оние кои се дел од власта, а за оние кои власта за среќа на граѓаните, а за нивна жал нема градоначалници, ќе бидат континуирано репресирани и угнетувани и таму нема да се даваат согласности за вработување. Јас би сакал да ме демантира министерката но убеден сум дека нема да се случи, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.