В.д градоначалнкот на Општина Аеродром Дејан Митески ветува дека долгогодишнот проблем со недостик на места за деца во градинките ќе стане минато.

Се планира израдба на неколку градинки и во таа насока е договорот со Меѓународниот Балкански универзитет и нивната катедра за архитектура која треба да изработи проект за израдба на детска градинка.

Досега успеавме да завршиме една нова детска градинка, а во август ќе започнеме со изградба на втора, со што ќе го удвоиме капацитетот и за следната година планираме да започнеме со изградба на уште една или две. Со тоа листата на чекање да биде минато-вели  градоначалнкот во интервјуто за „Република“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.