Договорот потпишан од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што ние им го пративме е потпишан и вратен. Од понеделник се надевам дека ќе имаме и средба за да го докомплетираме процесот за предавање на оние средства од посебната сметка на Град Скопје во централниот буџет, па во Министерството за култура“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Дневникот на МТВ.

Таа додаде дека Министерството има предвидено и дополнителни средства за наредната година со цел реконструкцијата на Универзалната сала да се заврши комплетно.

„Предвидовме дека за целосна реконструкција би ни биле потребни до три години. По завршување на тие три години, процедурите ќе ги повториме во најбрз можен рок и за максиум три години Универзална сала ќе биде вратена на Град Скопје целосно функционална“ рече Костадиновска-Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.