Во име на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, За обнова на Македонија, денеска по повод ослободувањето на Градот Скопје, 13 Ноември, цвеќе положија претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Петар Милетиќ како коалициски партнер од Српска напредна странка во Македонија.
Како што во 1944 година е ослободен градот Скопје, така и коалицијата За обнова на Македонија, ќе ја ослободи државата од модерниот фашизам, кој е под закрила на сегашната владеачка структура во Република Македонија, порача Милетиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.